АУКТОР Брокери АД Скопје е прва брокерска куќа во Република Македонија која во своето работење ја имплементира услугата Портфолио Mенаџмент. Сите типови на инвеститори кои располагаат со слободни парични средства и кои се определени за активно штедење, можат да ја користат групната стратегија на АУКТОР Брокери АД Скопје во делот на управувањето со финансиски имот.
Целта на АУКТОР Брокери АД Скопје е да обезбеди за своите клиенти подобар принос од пазарниот, антиципирајќи ги навремено пазарните движења и можности. Портфолио Mенаџментот на АУКТОР Брокери АД Скопје е фундиран на дневна техничка и редовна фундаментална анализа на компаниите, како и согледување на влијанието кое го имаат макроекономските фактори врз пазарот на капитал.
Во делот на Портфолио Mенаџментот, АУКТОР Брокери АД Скопје своето работење го базира на следните принципи:
• Сигурност – хартиите од вредност и паричните средства на клиентите се целосно одвоени
од имотот на АУКТОР Брокери АД Скопје;
• Транспарентност – клиентите се известуваат во редовни интервали и на нивно барање за
сите операции во врска со нивните портфолија;
• Флексибилност – АУКТОР Брокери АД Скопје во градењето на инвестиционата политика ги
зема во предвид склоноста на индивидуалните клиенти кон ризик и нивните очекувања во
делот на приносот;
• Диверзификација – управувањето со ризикот АУКТОР Брокери АД Скопје го заснова на
соодветна диверзификација на портфолијата на клиентите. Во делот на покривањето на
системскиот ризик на домашниот пазар, АУКТОР Брокери АД Скопје во најскоро време ќе
овозможи инвестирање на дел од средствата на клиентите на странски пазари на капитал.
Отпочнување на соработка во делот на Портфолио Mенаџментот, клиентите можат да остварат преку потпишување на Договор за управување со портфолио на хартии од вредност, по претходно нивно регистрирање во базата на клиенти на АУКТОР Брокери АД Скопје. Содржината на Договорот за управување со портфолио на хартии од вредност и Општите правила на АУКТОР Брокери АД Скопје за управување со портфолио на хартии од вредност се достапни на линковите:
|
|
|
|
|
Општи_правила_на_брокерската_куќа_за_портфолио_менаџмент.pdf |