АУКТОР БРОКЕРИ АД Скопје вложува значителни напори во градењето на квалитетно и сеопфатно инвестиционо советување. Нашиот оддел за анализа раководен од лиценцирани инвестициони советници, нуди широк дијапазон на услуги чија цел е да обезбедат обемна база на информации за клиентите кои се заинтересирани за стручна помош при носењето на одлуките за инвестирање.
Ние формираме стратегија во согласност со вашите барања, приоритети и потреби, употребувајќи го нашето знаење и долгогодишно искуство на пазарот на капитал. Врз основа на изборот на стратегијата, внимателното селектирање и анализирање на хартиите од вредност, ние предлагаме тип на инвестирање кое е дизајнирано да ги задоволи вашите инвестициони цели.
Извештаи и анализи со различна содржина и динамика се изработуваат и дистрибуираат на редовна основа. Воедно, изготвуваме студии, извештаи и анализи направени по специјално барање на клиентот. Нашите професионалци ви се на располагање за состаноци и презентации во зависност од вашите потреби и цели. Намерата на нашата брокерска куќа е да ги поттикне лицата при носењето на инвестициони одлуки да бараат подетален преглед на пазарот, а воедно и да ги привлече фирмите да ги користат нашите услуги како продолжена рака во делот на управувањето со средства и ликвидност.
Индивидуалниот и систематски пристап, професионализмот и искуството се карактеристики кои ги сметаме за наша конкурентска предност. Корисници на нашите истражувања се повеќе големи странски институционални инвеститори заинтересирани за случувањата на Македонскиот пазар на капитал. АУКТОР е соработник за изработка на анализи на платформата за анализи на Auerbach and Grayson (Sava Net Analysis platform) како и платформата за анализи на Standard and Poor’s (Capital IQ).
Внесете го вашето корисничко име и лозинка: