Витаминка АД Прилеп донесе одлука за откуп на сопствени акции не повеќе од 10% од основната главнина на друштвото во рок од една година.
Друштвото планира да ги откупи акциите по цена од 5,000 денари до 9,000 денари по акција.
Друштвото откупот на акциите ќе го врши од фондот формиран и наменет за откуп на сопствени акции во вкупен износ од 48 милиони денари.