Македонските компании, посебно малите и средните фирми кои сочинуваат над 90 отсто од македонското стопанство стануваат се понеимуни на последиците од глобалната криза.
Според податоци на Министерството за економија и Централниот регистар до средината на годинава во земјата се водат 746 стечајни постапки, наспроти 336 колку што имало лани заклучно со јуни, што е зголемување за 120 отсто, споредено со 2009 г.
Зголемен е и бројот на ликвидациони постапки. Лани имало 1.278 предмети, а сега таа бројка е 1.794.
Во исто време бројот на активни фирми е пораснат за само 5 отсто споредено со 2007 год.