Соопштение за издавање на хартии од вредност на Охридска Банка АД Охрид по пат на приватна понуда
Охридска Банка АД Охрид врз основа на Решение бр. УП 1 Број 07-119 од 11.08.2010 издадено од Комисијата за хартии од вредност, објави Соопштение за издавање на хартии од вредност ( обични акции со право на глас) на институционален инвеститор по пат на приватна понуда-единаесетта емисија. Бројот на хартии од вредност што се издаваат е 116.037 со номинална вредност од 2.650,00 денари по акција додека вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 307.498.050,00 денари. Запишувањето и купувањето на акциите ќе се врши во рок од 15 календарски дена од конечноста на Решението за одобрување на приватна понуда за издавање на акции издадено од Комисијата за хартии од вредност.