Поранешниот извршен директор на Македонски телеком, Унгарецот Атила Сендреи (56), и тројца членови на Одборот на директори се осомничени дека го оштетиле Телекомот за близу 4 милиони евра склучувајќи фиктивни договори со кипарска консултантска фирма.
Со тоа на акционерите на Македонски Телеком како и на Владата на Република Македонија која во тоа време е сопственик на 47% од капиталот на компанијата им е нанесена штета.
Против четворицата странци се поднесени кривични пријави, а од МВР најавуваат дека кога судот ќе донесе наредба, полицијата ќе распише меѓународна потерница.