Групацијата Реплек АД Скопје (тикер - РЕПЛ) предвидува пораст на финансиските остварувања во 2010 година во однос на 2009 година, како резултат на очекувано зголемување на учеството на продажбата на домашниот и постојните странски пазари, освојување на нови странски пазари и намалување на трошоците на работењето и зголемување на ефикасноста.