Овие податоци за Министерот за финансии Зоран Ставрески претставуваат добар показател дека македонската економија заздравува, изразувајќи очекување дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредните месеци.
„Очекуваме овој резултат да помогне да се оствари проектираниот раст од два отсто за годинава, иако тој не зависи само од случувањата во Македонија, туку и од екстерната побарувачка каде има некои позитивни сигнали во делот на порастот на германското стопанство кое е двигател на порастот во еврозоната“, изјави Ставрески.
Тој дополни дека е се уште рано да се носат одлуки дали целосно се надминати ризиците за текстилната индустрија, кој прв пат по повеќе месеци забележа раст.
Кумулативно од почетокот на годината индексот на индустриско производство во Македонија е намален за 3,3 отсто.