Повисокиот износ на нето-платата е резултат, пред сé, на зголемувањето на платите во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата за 12 отсто, образование за 5,8 отсто и преработувачка индустрија за 3,3 отсто.
Намалување на просечната плата во јуни во однос на мај е забележано во секторите сообраќај, складирање и врски за 7,7 проценти, хотели и ресторани за 5,6 проценти и рударство и вадење каменза 4,6 проценти.
Во јуни три проценти од вработените во Македонија не зеле плата.