Индексот на трошоци на живот во јули намален за 0,4 отсто во однос на јуни
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули годинава е намален за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2009 година бележи пораст за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на индексите во јули годинава во однос на јуни 2010 е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, облека и обувки за 0,6 и транспорт за 0,4 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај рекреација и култура за 1,7 отсто, здравје за 1,4, останати стоки и услуги за 0,4, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто, исто како и кај мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и ресторани и хотели. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите алкохолни пијалаци, тутун, комуникации и образование.