Сепак, повеќе од половината од овие пари биле вложени во отворање производствени погони и тоа за прехранбени производи, текстилни производи, фармацевтски препарати, хемикалии, канцелариска опрема и компјутери и други.
Статистиката на Народна банка покажува дека над 200 милиони евра од вкупните инвестиции во странство отпаѓаат на вложувања во земјите од поранешна Југославија и подоцна во Србија. Околу 49 милиони евра биле инвестирани во Хрватска. Освен во земјите од регионот, македонските инвеститори вложувале пари и во Луксембург, Холандија, Кипар, Нов Зеланд и во други прекуокеански и европски земји. Интересно е што во овој период биле инвестирани и околу 9 милиони евра во Кина, а поситни инвестиции биле пласирани и во Обединетите Арапски Емирати.