Индексот МБИ10 порасна за 0,44% и изнесуваше 2,347,67 поени, МБИД забележа пораст на вредноста од 0,54% и изнесуваше 2,555,90 поени, додека ОМБ исто порасна за 0,44% и оствари вредност од 110,09 поени.
Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Комерцијална банка Скопје која се тргуваше по просечна цена од 3,275,10 денари и од преку 4 трансакции беше остварен промет во износ од 641,920,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 196 акции.
Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше обврзницата од заробено штедење на Р. Македонија со која беа остварени 503,404,89 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 96,70 проценти, додека со нив се истргуваа 8,461 количина.
Трета по промет на овој пазар беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со остварени 473,560,44 денари кои се тргуваа по просечна цена од 81,88 проценти, и при тоа со оваа хартија се истргуваа 9,400 количина на обврзници.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со кои се истргуваа 380,702,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 395,74 денари по акција, додека вкупно се истргуваа 962 количина. Втори по својата вредност беше и акцијата на Адинг Скопје со кои се истргуваа 370 акции по цена од 350,00 денари за акција и остварија промет во вредност од 129,500,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална банка Скопје
2 Р. Македонија обврзници од заробено штедење
3. Р. Македонија обврзница од денационализација 09
4. Алкалоид Скопје
5. Македонски Телеком Скопје
Хартии од вредност со најголем раст
1. Топлификација Скопје 3,017%
2. Макстил Скопје 2,55%
3. Р. Македонија обврзница од денационализација 09 1,94%
4. Стопанска банка Битола 1,70%
5. Стопанска банка Скопје 1,15%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Адинг Скопје 7,89%
2. Прилепска Пивара Прилеп 4,99%
3. Бетон Скопје 1,99%
4 Гранит Скопје 1,14%
5. Македонски Телеком Скопје 1,06%